ШКОТСКА – Просечен тим, фанатични навивачи, и се е можно…

Во рамките на медиумската „експертска мрежа на Гардијан“ за EВРО 2020, чиј дел е и ЕКИПА, заедно со вкупно 22 европски медиуми меѓу кои и со „Газета дело Спорт“ (Италија), „Ел Паис“ (Шпанија), „Ди Цајт“ (Германија), „Спорт-Експрес“ (Русија), „Франсфудбал“ (Франција), „Блик“ (Швајцарија), „Телеспорт“ (Хрватска), „Стандард“ (Австрија), ви ги пренесуваме комплетните информации за сите репрезентации учеснички на Европското првенство 2020.

Шкотска како и Македонија преку Лигата на Нации стигна до билет за ЕВРО 2020, а настапот на европскиот шампионат го почнува со денешниот дуел против Чешка. Анализата за шкотскиот национален тим ја подготви новинарот на Гардијан, Иван Мареј.

За ЕКИПА пишува: Еван Мареј од Гардијан

Твитер профил: @mrewanmurray

Веднаш во очи паѓа прагматичниот стил на водење на репрезентацијата од страна на Стив Кларк, но мора да се потенцира дека Шкотите навистина немаат премногу офанзивни опции. Оваа селекција има леви бекови од највисока класа, голем број на играчи за врска, но недостигаат „инвентивни играчи“ за последната третина од теренот.

Најголемиот предизвик за Кларк е да се најде место во истиот тим за Енди Робертсон и за Киран Тирни, двајцата врвни леви бекови.

Формацијата со тројца централни дефанзивци отпрвин беше критикувана, но со неа беше решен овој проблем, бидејќи Тирни беше прекомандуван во оваа последна линија.

Новинарите фрлаа со дрва и камења бидејќи решив да играме со тројца во линија во одбраната. Знам дека беше тешка одлука, да се смени цел систем, но најважно е што играчите дадоа се од себе за тој систем да функционира“, изјави селекторот Кларк.

Повредата на Рајан Џек отвора дупка во позицијата последен играч за врска. Скот Мектоминеј одлично може да се снајде во оваа позиција, но асот на Манчестер Јунајтед во репрезентацијата важи на столб на одбраната, што може да создаде нов проблем за Кларк.

Оваа репрезентација има и тенденција да одигра на високо ниво само едно полувреме, нешто што беше потврдено и на последните натпревари со Израел, Австрија и со Фарските Острови.

Гледано квалитативно, Шкотите заостануваат зад трите ривали во групата. Сепак, Кларк како менаџер на Килмарнок си создаде навика да ги шокира фаворитите, нешто што сега ќе се обиде да го повтори и во репрезентативниот фудбал.

СЕЛЕКТОРОТ

Стив Кларк приватно важи за исклучително отворена личност, полна со смисла за хумор, но кога ќе се појави во јавноста тој делува многу тежок за комуникција. Повеќе не минува толку време на голф-терените, наместо тоа се сврти кон риболовот како хоби.

Тој имаше одлична соработка со Жозе Мурињо како негов асистент во Челси, но повеќе не е во контакт со португалскиот стручњак.

ИКОНА

Шкотска немаше „ѕвезди“ вредни за издвојување пред Енди Робертсон да се пресели во Ливерпул и пред Киран Тирни да почне да блеска во дресот на Селтик. Фактот дека двајцата се дефанзивци значи дека не се славни како Бејл или Кејн, но добро познатата приказна за Робертсон е она што воодушевува. Отпуштен од Селтик, тој настапуваше за аматерскиот клуб Квинс Парк и паралелно со тоа работеше во супермаркет, пред да почне со фуриозниот напредок во кариерата, пред Данди Јунајтед и Хал обезбедувајќи трансфер во Ливерпул.

Бајката на Робертсон во шкотскиот фудбал служи како мотивација за младите играчи кои се отпуштени од професионалните клубови, да не се откажуваат без борба од следењето на својот сон.

БЛАГОДАРЕН ЗА ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ЕВРО 2020

Че Адамс воопшто не беше дел од шкотскиот состав бидејќи и Англија сакаше да го вклучи асот на Саутемптон во својот национален тим. Селекторот Стив Кларк на крајот успеа да го убеди напаѓачот на „светците“ да ја избере Шкотска, тој неодамна дебитираше за оваа репрезентација, а настапите на ЕВРО 2020 се идеална можност за да се наметне како стандарден првотимец за годините што следат.

ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ (3-4-3): Маршал, Ханли, Мекена, Тирни, О’Донел, Робертсон, Мектоминеј, Мекгрегор, Фрејзер, Адамс, Мекгин.

ШТО ПЕАТ ФАНОВИТЕ

Која музика ја поврзува „тартанската армија“? До-ре-ми е интересна форма за поддршка што Шкотите ја применија за време на натпреварот во Австрија.

Сепак, со оглед на фактот дека како дел од овој шампионат ќе следи гостување на „Вембли“, јасно е дека ќе може да се слушнат бројни навредливи песни против Англија.

ШТО ВЕЛАТ ФАНОВИТЕ

  1. Што би дале за десен бек со половина од квалитетите на нашите леви бекови?
  2. Што има ново со зглобот на Хари Кејн?

ПАНДЕМИСКИ ХЕРОЈ

Капитенот Енди Робертсон во ноември 2020 година отвори своја хуманитарна организација, која се занимава со давање шанси на младите луѓе да тргнат по вистинскиот пат во животот.

Се вчитува...