Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше фантастичен викенд на кој со два голови го предводеше својот Ренџерс до триумф на гостувањето кај Килмарнок забележувајќи оцена од 8.1 со која доби место и во тимот на колото.
Генијалноста на Македонецот не остана незабележана ниту од официјалниот профил на шкотското првенство кој на социјалните мрежи објави посебно видео посветено на Миовски.
Clever finishing from Bojan Miovski 🤝@RangersFC | @WilliamHillSPFL pic.twitter.com/DS47LhV4zI
— SPFL (@spfl) December 8, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

