Македонскиот фудбалски репрезентативец, Јани Атанасов е пред потпис со шкотскиот премиерлигаш Хиберниан, пренесуваат медиумите од оваа земја.
Шкотскиот клуб зимава сака да се засили во средниот ред, а идеално решение за оваа позиција гледа во македонскиот репрезентативец. Атансов во моментов е член на полска Краковија со која има договор до крајот на оваа сезона.
Тоа значи дека тој веќе може да преговара со други клубови, па многу лесно може да гледаме уште еден Македонец во шкотскиот шампионат.
Бојан Миовски токму од Абердин стигна до шпанската Ла лига (Жирона), а дел од овој шампионат во моментов се и Давид Бабунски, Трапановски, Здравковски…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА