Шкриниар на позајмица во Фенербахче

Пред неколку дена беше објавено, a сега и официјално Милан Шкринијар е нов играч на Фенербахче. Шкринијар доаѓа кај Жозе Мурињо како позајмен играч од Пари Сен Жермен.

Двата клуба постигнаа договор за периодот до крајот на сезоната. Словачкиот репрезентативец кариерата ја започна во Жилина, а интернационалец е откако се пресели во Сампдорија во 2016 година.

Потоа заигра за Интер, од кој во 2023 година се пресели во Пари Сен Жермен.

Се вчитува...