Јануарскиот трансфер рок до 2025 година може да понуди неколку изненадувачки трансфери во светот на фудбалот, а едно име лесно се става на позицијата фаворит.
На почетокот на неделата беше објавена веста дека Јувентус е заинтересиран за словачкиот дефанзивец Милан Шкриниар (29). Новите извештаи на италијанските медиуми кои се појавија денеска велат дека Јувентус ја започнал првата рунда преговори со Словакот.
Шкриниар е дел од ПСЖ, со кого има договор до 2028 година, но не игра во оваа екипа, со што се отвора можност за трансфер. Цената му изнесува 20 милиони евра, и најверојатно Јувентус ќе ја плати за да ја засили одбраната.
Тој би бил идеално засилување, затоа што го знае италијанскиот фудбал, откако беше долги години дел од Интер.
Овој евентуален трансфер би донел голем гнев кај навивачите на Интер. Јувентус е еден од ривалите на Интер во Серија „А“, и сигурно не би му простиле еден ваков трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА