Познати се и можните противниците на македонските претставници пред ждрепката во Конференциската лига, Струга ТЛ и Шкупи за третото квалификациско коло, доколку успеат да ја минат втората рунда натпревари. Ждрепката за 3. коло во УЕФА Конференциската лига ќе се одржи денеска од 14 часот во Нион.
Ако Струга ТЛ успее да го мине Будуќност тогаш можни противниците се Линколн (Гибралтар), како и победниците од натпреварите: ТНС (Велс) – Есперанж (Луксембург) и Балкани (Косово) – Ларне (Северна Ирска).
Шкупи, пак, доколку ја елиминира Левски Софија, во третото квалификациско коло може да добие противници како Динамо Киев (Украина), но и подобрите од дуелите меѓу Мидтјиланд (Данска) – Прогрес (Луксембург), Хапоел Бер Шева (Израел) – Паневезис (Литванија) и Ордабаши (Казахстан) – Легија Варшава (Полска).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА