Фени индустри лесно и убедливо ја заврши задачата на гостувањето против Шкупи, триумфирајќи со 68-95 за своја втора победа сезонава.
Разликата во квалитет беше очигледна уште од првото судиско потфрлање, за неполни две минути игра Фени поведе со 0-12, додека Шкупи првите поени од игра ги постигна во седмата минута (8-22). Првата четвртина заврши со 13-31, за потоа кавадарчани без никакви проблеми да ја одржуваат убедливата предност, притоа тренерот Малинков и да им даде шанса на помладите кошаркари да ги покажат своите квалитети.
Коцев со 20 поени беше прв стрелец на Фени индустри, Фундербург постигна 19, додека најефикасен во таборот на Шкупи беќе Цариќ со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА