Шкупи донесе екс-фудбалер на Евертон и поранешен младински репрезентативец на Франција (ФОТО)

За новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи се засили со поранешниот младински репрезентативец на Франција, Магаје Геј.

Сега веќе искусниот 35-годишен Французин треба да донесе засилување на офанзивната линија.

Својата професионална кариера ја почнал во Стразбур во Франција, за да продолжи во англиската Премиерлига, во редовите на Евертон, каде во сезоната 2013/14 запишал 24 настапи. Во својата кариера играл и за англиски Милво, а потоа и за Брест, турска Аданаспор и азербејџански Карабах, како и романски Динамо Букурешт. Последен негов клуб е грчки Анагениси од каде сега доаѓа во Шкупи.

„Со искуството, креативноста и техничките квалитети што ги носи, веруваме дека ќе има значително влијание врз нашите цели за оваа сезона“ – порачаа од Шкупи по потпишувањето на договорот со Французинот Геј.

Се вчитува...