Шкупи донесе талент на Вардар, па раскина со Шабани

Шкупи продолжува со доведувањето на нови фудбалери, па клубот од Чаир денеска потпиша договор со 19-годишнит Јахја Абдулхади, кој доаѓа од редовите на Вардар.

Поточно, Абдулхади беше дел од младинскиот тим на Вардар, каде се профилираше во одличен стрелец. Со 22 погодоци беше најдобар стрелец во младинското првенство, но откако не доби шанса во првиот тим на „црвено-црните“ реши да си замине, прифаќајќи ја понудата на Шкупи.

Воедно, раководството на Шкупи објави и дека ја прекинува соработката со првотимецот Бунјамин Шабани, раскинувајќи го договорот со овој играч. Барањето за раскин дошло од самиот Шабани, кој од јануари 2017 беше стандарден првотимец, настапувајќи на 45 натпревари притоа постигнувајќи шест погодоци.

Се вчитува...