Шкупи донесе тренер за голмани од Германија

Екипата на Шкупи денеска објави дека потпишала договор со тренерот на голмани, Умит Шахин, 46-годишен стручњак што ќе биде дел од стручниот штаб на поранешниот македонски шампион.

За нов тренер беше именуван Ермен Алпарслан, а денеска за негов асистент задолжен за работа со голманите беше именуван Умит Шахин. Станува збор за турски стручњак кој доаѓа во Шкупи од Германија, откако во последните девет години работеше во нисколигашот Штутгарт Кикерс.

Како што најавуваат од Шкупи, со доаѓањето на Шахин се комплетира стручниот штаб на новиот тренер, откако претходно беше потпишан договор со Муарем Муарем како негов прв асистент.

Се вчитува...