Шкупи донесоа „Арслан“ на клупата, ама против Скопје завршија како „мачиња“ (ФОТО)

Неславно деби на новиот тренер на клупата на Шкупи, со пораз од Скопје во Чаир од 0-1 по кој се чини бранителот на титулата е се подалеку од Струга ТЛ во трката за шампионската круна сезонава.

Чаирчани, за време на паузата поради репрезентативните активности, се одлучија за разделба со Гоце Седлоски и именување на Турчинот Чихан Арслан (македонски превод: Лав, н.з.) на клупата на клубот.

Но, сето тоа очигледно им донесе непосакуван пораз токму во клучните моменти на битка со Струга ТЛ и со Шкендија за водечката позиција. За Арслан и тоа како останува предизвикот да се одбрани трофејот од минатата сезона, посебно ако се знае дека сега Шкупи заостанува цели седум бода зад лидерот Струга ТЛ.

Се вчитува...