Фудбалскиот шампион на Македонија Шкупи доживеа убедлив пораз против узбекистанскиот Пактакор од 1-4 во контролен натпревар како дел од подготовките за пролетниот шампионат во Првата македонска фудбалска лига.
Чаирчани одлично го отворија натпреварот и по само седум минути поведоа со 1-0. Сепак, тоа беше се што успеаја да направат избраниците на Гоце Седлоски. До крајот Узбекистанците постигнаа четири гола за убедлив триумф од 1-4.
Пред три дена Шкупи славеше со 2-0 против Динамо Тбилиси, додека претходно во Анталија загубија и од Конкордија со 4-2.
Исто така во пријателски натпревар Пелистер славеше против Новаци со 5-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА