Шкупи е на „+10“… Тешко дека може да бидат запрени на патот до титулата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи е на плус десет бода во однос на второпласираната Шкендија пред заокружувањето на вториот круг од домашниот шампионат.

На 12 кола до крајот на првенството веќе е се поизвесно дека чаирчани тешко ќе бидат запрени да ја „украдат“ оваа сезона шампионската круна од Шкендија.

Тежок беше денешниот натпревар за чаирчани, но успеаја да триумфираат со 3-2 против Тиквеш и по ремито на Шкендија со Академија Пандев веќе далеку помирно може да чекорат кон крајната цел.

 

Се вчитува...