Македонскиот шампион Шкупи е пред најголемата можност за вистинско запишување во аналите на македонскиот спорт, со пласман во групната фаза во рамките на УЕФА европските клупски натпреварувања.
Чаирчани утре од 21 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје против косовски Балкани ги очекува првиот натпревар од плеј-оф рундата од квалификациите за место во групната фаза од Конференциската лига.
Свесни се сите во составот на Гоце Седлоски дека ова е извонредна шанса за европска есен, но и шанса за збогатување на клупската каса со околу 3,5 милиони евра. Максимално мотивирано го очекуваат утрешниот дуел, па во тој стил беше одработен и последниот тренинг попладнево на теренот на најголемиот македонски стадион…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА