Фудбалерите на Шкупи се последниот патник во полуфиналето на Купот на Македонија, откако денеска на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ во последното четвртфинале славеа над Работнички со 0-1.
Клучниот момент во натпреварот се случи уште во 15. минута од натпреварот кога победничкиот погодок за чаирчани го постигна Марио Младеновски кој по еден корнер најдобро се снајде во шеснаесетникот на „романтичарите“.
За потсетување овој меч требаше да се одигра вчера, но поради лошата состојба на теренот во Маџри тој беше презакажан за денеска на терените на ФФМ.
Претходно во полуфиналето се пласираа: Воска, Тиквеш и Македонија ЃП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА