Шкупи го ангажираше Дарко Додев

Крилниот напаѓач Дарко Додев е нов играч на Шкупи. Тој на Чаир доаѓа од тимот на Влазнија, каде што настапуваше во изминатите шест месеци, откако од Брегалница се пресели во албанскиот тим.

Претходно Додев беше дел од Силекс, Тиквеш и Металург. Додев е второто засилување на Шкупи во овој преоден рок. Претходно голманот Кристијан Наумовски се врати на „Чаир“.

Шкупи пред неколку дена објави дека ја прекинува соработката со Куевен, Нилтињо, Хоџиќ и Абази.

Се вчитува...