Шкупи го изненади Работнички во Ѓорче Петров, на крајот нападнат судијата Темелков!

Шкупи оствари изненадувачка победа (0-1) над Работнички во Ѓорче Петров, освојувајќи значајни три бода во битката за обезбедување опстанок. „Романтичарите“ беа изненадени од тимот од Чаир, не успевајќи да наметнат своја игра на овој дуел. Во самиот финиш, Работнички имаше можност да стигне до бод, но Филип Ивановски не реализира пенал, откако гостинскиот голман Зендели го одбрани неговиот удар. А по самото завршување на мечот, неслужбено лице од гостинскиот табор, физички го нападна главниот судија Зоранчо Темелков.

napad sudijata

Работнички не можеше да пронајде игра за да го отвори резултатот, но тоа му успеа на Бесар Исени во 43.минута. Тој продре по левата страна и откосо од левата страна погоди во спротивниот агол од голот на Шишковски.

IMG_8654

Во вториот дел, Филип Ивановски имаше два обиди со глава, но Зендели беше на вистинското место. Во последните моменти од мечот, беше досуден пенал за Работнички, откако еден дефазивец на Шкупи играше со рака на гол-линијата. Филип Ивановски ја презеде одговорноста, но Зендели го одбрани неговиот удар.

По самото завршување на мечот, неслужбено лице од гостинскиот табор, очигледно поради досудениот пенал во последните мигови, го нападна физички главниот судија Темелков.

Се вчитува...