Актуелниот шампион Шкупи се огласи со големо соопштение после поразот од Струга ТЛ со кој може да ја загуби битката за титулата. Чаирскиот тим има само една победа во 2023 година против Шкендија, едно реми со Академија Пандев, и два порази од Силекс и од Струга.
Вчера Шкупи после поразот, само се огласи со кратка реченица: „Тргнете ги валканите раце од Шкупи“, и притоа кажа дека ќе објасни што сака да каже.
„Од почетокот на сезоната се играат многу валкани игри против нас. Ја почнавме годината со многу силни натпревари во Европа, и се вративме во шампионатот после тешки мечеви. Го почнавме првенството со физичка исцрпеност. На почетокот на сезоната нашиот распоред беше седум натпревари во 19 дена. Иако апелиравме дека таа ситуација е многу опасна, тоа не беше исправено. Дури и Барселона ќе загуби бодови ако игра натпревар во просек од 2,5 дена. Се направи таков календар и очекувано губевме бодови. Ако некој имал план, тоа функционираше и беше добар план.
Оставивме се на страна, работевме добро и дојде мечот со Шкендија проследен со многу немили настани кои го осудивме. А, ние поради еден инцидент добивме шест натпревари играње надвор од својот стадион, и потоа беше намалена после наш приговор. Во Тетово ние имавме тројца повредени играчи кои беа гаѓани со тврди предмети, и на нашиот терен имаше настани кои ги осудивме.
Им честитаме на Струга, им честитаме на Академија Пандев за одиграните мечеви. На натпреварот со Силекс, судијата го одлучи победникот, а не противникот. Со Струга во миговите кога тргнавме по нерешено, суди пенал кој го нема. И судијата знае дека не е пенал.
Со телефонски повик кој го добивме на почетокот на сезоната, ни рекоа дека шампионот е познат и дека не треба да се занимаваме со него. Ја игнориравме таа порака, но сега е јасно што се случува.
Сакаме сите да знаат дека овие материјали ќе бидат проследени до УЕФА.
На крајот нагласуваме дека не сакаме да омаловажиме нечија работа. Имаме почит кон работата на нашите противници. Не можеме да бидеме задоволни и од настапите на нашиот тим, но го сакаме со срце, и кога губиме натпревари, треба да губиме од наши грешки. Веруваме дека за нас ќе има исти критериуми и на крајот повторно ќе бидеме шампиони“, стои во соопштението во кое има и видео со спорните ситуации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА