Шкупи го откажа мечот против Силекс: Службена победа за кратовци

И дефинитивно повеќекратниот шампион на Македонија, Шкупи најверојатно нема да ја доврши сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Од клубот од Чаир го откажале мечот против Силекс во второто коло, а се поизвесно е дека Шкупи ќе се повлече и од елитното друштво во Македонија.

Шкупи не доби дозвола за употреба на ВАР на домашните натпревари, а во првото коло против Шкендија играа со само четири замени.

Денеска од Силекс информираат дека натпреварот од 2. коло е откажан и дека тие го добиваат со службени 3-0. Во следните денови ќе чекаме соопштение од ФФМ за казната која што ќе ја добие Шкупи.

Се вчитува...