Шкупи успешно финишираше преговори за уште еден нов фудбалер во своите редови, па нов член на екс-шампионот на Македонија од денеска е Луан Абази.
Станува збор за младински репрезентативец на Македонија кој почна со настапи за нашите млади селекции иако е роден во Швајцарија. Тој беше под договор со швајцарскиот второлигаш Вил, но во потрага по поголема минутажа реши да дојде во мак-фудбалот и да потпише договор со Шкупи.
Тој пристигнува на позајмица во чаирскиот прволигаш, a не се исклучува можноста доколку блесне во дресот на Шкупи овој тим да го откупи неговиот договор со Вил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

