Прволигашот Шкупи ја претстави својата најнова аквизиција, напаѓачот од Мозамбик, Региналдо. Тој во Шкупи доаѓа од редовите на казахстанскиот Кајсар. Тој покрај во Казахстан во кариерата настапуваше и за албанските Кукс, Лаци, како и за Национал и Санта Клара од Португалија.
„Среќен што ќе го носам дресот на Шкупи. Дојден сум да му помогнам на клубот. Сакам предизвици во животот и ова е еден одличен нов предизвик за мене. Знам кои се амбициите на клубот и се надевам дека ќе успееме да ја освоиме титулата. Дојден сум да постигнувам голови и да им асистирам на моите соиграчи“, изјави Региналдо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

