Турскиот тим Гиресунспор се подготвува за следната сезона во Супер-лигата, а едно од засилувањата за овој тим може да биде голгетерот на Шкупи, Сандеј Атедунџи.
Нигерскиот напаѓач веќе имал контакти со овој тим, и наводно двете страни постигнале договор. 24-годишниот голгетер изминатата сезона беше најдобар стрелец во лигата со 20 гола.
Договорот ќе биде официјализиран веќе следната недела, а тоа би значело дека Шкупи ќе треба да си бара голгетер за следната сезона. Се споменува името на Бесарт Ибраими, екс напаѓачот на Шкендија кој во изминатата сезона беше дел од грчки Ксанти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

