Поранешниот тренер на тетовска Шкендија, Ернест Ѓока и официјално промовиран како нов тренер на Шкупи во обидот да го донесе тимот до шампионската титула сезонава.
По разделбата со Младен Жижовиќ кој не издржа на клупата на чаирчани по елиминацијата во Купот на Македонија од Тиквеш и гостинското реми со Силекс, Шкупи довербата да го води тимот му ја додели на 54-годишниот албански стратег. Договорот со Ѓока е до јуни 2025 година.
„Задоволен сум што дојдов во тим како Шкупи, тим кој е изграден да стане шампион, елитен македонски фудбалски тим. Секако, среќен сум што им се приклучив, па мислам и се надевам дека заедно ќе дојдеме до пет победи во последните пет натпревари од првенството, како би дошле до титулата“ – изјави Ѓока по промоцијата во Шкупи.
Ѓока претходно во својата кариера беше и тренер на албанските суперлигаши Кукс, Влазнија и Фљамуртари, а последниот негов ангажман беше во тимот на Оход во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА