Шкупи го промовираше репрезентативецот на Руанда, Ратубиаје (ФОТО)

Шкупи официјално го промовираше најновото свое засилување за пролетниот дел од сезоната, репрезентативецот на Руанда, Абдул Ратубуаје.

24-годишниот дефанзивец во редовите на Шкупи доаѓа од членот на американската МЛС лига, Колорадо рапидс, а предтходно во својата кариера настапувал и за Канзас сити.

Во меѓувреме екипата ги продолжува подготовките во Анталија. За утре е закажан и првиот тест на чаирчани против украинскиот Оболон Киев.

Се вчитува...