Екипата на Шкупи денеска објави дека го реновирала теренот на стадионот „Чаир“, но и дека е отворен фитнес центар за потребите на првиот и на младинските екипи.
Од тимот од Чаир објаснуваат дека целта е да се поправи и инфраструктурата на екипата, покрај тоа што сакаат тимот да се врати на старите шампионски патеки.
„Од нашето доаѓање целта ни беше да испишеме голема историја во оваа земја. Наша цел е да го одразиме духот на тимот и да работиме на најдобар можен начин кон оваа цел. Секоја година работиме да бидеме подобри од годината што ја оставивме зад нас, обидувајќи се да напредуваме во оваа насока со сите сили, да бидеме достојни за љубовта и вниманието на нашите навивачи кои го сакаат нашиот клуб.
Како клуб систематски издвојуваме буџет за средни инвестиции за подобрување на општите услови на фудбалот во државата. За прв пат во историјата на клубот, целосно подготвивме терен за тренинг зад теренот кој ќе ги задоволи моменталните потреби.
Теренот на стадионот Чаир е целосно реновиран и наскоро ќе биде подготвен да ги опслужува нашиот тим. За да го подобриме физичкиот развој на нашите фудбалери, ја отворивме нашата сала за кревање товар, која ќе им служи и на нашиот сениорски тим и на младите од нашата фудбалска академија.
Направивме важни чекори во согласност со важноста што му ја придаваме на физичкото здравје на фудбалерите и на тимот. Ја уредивме и медиумската сала за одржување прес-конференции, за да се донесат информации до јавноста и нашите навивачи.
Во таа насока, ФК Шкупи ќе продолжи да биде спортски клуб кој никогаш не се откажува од подобрување на условите на својот клуб, како за фудбалот во земјава, така и за младите во Чаир, со единствена цел да има спортски активности.
Сите овие инвестиции што ги направивме за фудбалот на државата и клубот, за кратко време се завршени. Целта ни е да направиме уште поголеми инвестиции од кои ќе има корист фудбалот на земјата со поддршката што ќе ни биде дадена. Како челници на ФК Шкупи, ќе продолжиме да одиме напред со други иновации за подобрување на условите, за да направиме чекор понатаму фудбалот на општина Чаир каде што припаѓаме, како и за подобрување на фудбалот во земјата“, стои во соопштението на Шкупи.
Фотографиите од реновираниот терен, како и салата за прес-конференции и фитнес центарот на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

