Шкупи го реши шампионот и го презеде врвот во Првата лига, Шкендија во 89. минута се спаси од пораз, Брегалница и Вардар без голови во Штип (ВИДЕО)

ПРВА ЛИГА – 9. КОЛО
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР 0-0
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 1-0
Мазари 22′
Кратово: СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ 4-2
Зајиќ 18′, Ѓорѓевски 30′, 39′, Каланоски 48′ – Марушиќ 8′, 61′
Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ 2-0
Куевен 52′, Воша 90′
Гостивар: ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 2-2
Атиемвен 12′, Потук 45’+1 – Тотре 24′(п), Цаке 89′
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АП БРЕРА 1-0
Попзлатанов 44′

Standings provided by Sofascore

================================================

Шкупи славеше со 2-0 против шампионот Струга ТЛ во дербито на 9. коло од Првата македонска фудбалска лига, во кое Шкендија во 89. минута се спаси од пораз од Гостивар, а Брегалница и Вардар одиграа натпревар без голови во Штип

Чаирчани дојдоа до предност на дуелот во Скопје по мајсторска акција во 52. минута од средбата. Одлично проигрување пред шеснаесетникот на гостите, па Куевен продре по десната страна и погоди за водство на Шкупи…

Во продолжението Шкупи не реализираше пенал преку Трапановски во 63. минута, откако претходно црвен картон заработи и Ѓоргиевски кај Струга ТЛ.

За да, сепак, во 90. минута Арби Воша погоди за конечен триумф од 2-0.

Воска спорт успеа само да го налути Силекс во Кратово со почетно водство за потоа домашните целосно да преземат контрола за триумф од 4-2.

Но, се потоа беше во знакот на кратовци. Најпрво во 18. минута Зајиќ израмни на 1-1, а потоа следеа два гола на Марко Ѓорѓиевски кој погоди во 30. и во 39. минута од непосредна близина за предност и од 3-1 пред полувремето.



Во второто полувреме, Каланоски постигна гол во 48. минута по една грешка во гостинската одбрана и за 4-1, а Марушиќ во 61. минута намали на 4-2.

Работнички, пак, запиша значајна победа против Тиквеш, минимална но доволна за три бода, со голот на Мазари во 22. минута.

Гостивар, по триумфот во претходното коло над Вардар, испушти можност да ја шокираше и Шкендија која се спаси со гол во 89. минута за конечни 2-2.

Домашните поведоа во 12. минута со убавиот гол на Атиемвен по мајсторскиот соло-продор, шокирајќи ги гостите од Тетово.

Но, набрзо Шкендија израмни со голот од пенал на Тотре во 24. минута.

Сепак, Алпер Потук во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме стрелаше за 2-1 за гостиварци.

Кога се чинеше дека Гостивар ќе ги однесе трите бода, Клисман Цаке во 89. минута погоди за конечни 2-2.

Единствено немаше голови на дуелот во Штип каде Брегалница и Вардар продолжија со низата без победа во домашниот шампионат.

Се вчитува...