Шкупи го враќа на Чаир репрезентативецот на Руанда, Руатубаје

Продолжувајќи со засилувањата за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи го враќа во своите редови и репрезентативецот на Руанда, Абдул Руатубаје.

27-годишниот Руатубаје, кој игра на дефанзивните позиции, настапуваше за Шкупи од јануари 2021 година до јули 2022 година, по што се одлучи да се врати во родната земја, во редовите на Рејон Спортс.

Сега, чаирчани засилувајќи ја дефанзивата се пред договор за негово враќање во клубот. Руатубаје на Шкупи треба да му се приклучи и на подготовките на тимот во Анталија.

Се вчитува...