Екипата на Шкупи и дефинитивно без услугите на својот голгетер Сандеј Атедунџи ќе игра во 1. квалификациско коло во Лигата на Конференции против Хегелман. Чаирскиот тим не го пријави Нигериецот на списокот за играчи во Европа.
Адетунџи има спор со раководството на чаирчани, одбива да тренира барајќи трансфер, иако има уште од актуелниот договор, па тоа е причината зошто Шкупи ќе настапи без својот најдобар стрелец од пред две сезони во европските натпреварувања.
Многу веројатно е Адетунџи да не биде дел од Шкупи и низ сезоната 2023/24. Како што информираа од тимот, тие се крајно разочарани од неговото однесување. Засега тој останува „замрзнат“, односно нема да настапува за чаирскиот тим.
Интересно е тоа што на списокот на пријавени играчи за меѓународната сцена е и голманот Андреја Ефремов. ЕКИПА пишуваше дека Ефремов ќе биде дел од чаирскиот тим, со оглед дека веќе тренира со нив, и сега ќе конкурира за настап. Ефремов заедно со Илјази и со Рамадан ја сочинуваат голманската тројка.
Шкупи првиот меч со Хегелман го игра како гостин во Каунас во четврток во 19 часот на стадионот Дариус и Гиренас стадионот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА