Динамо Загреб и Шкупи ги очекува казна од УЕФА поради националистичките скандирања на синоќешниот натпревар од 2. квалификациско коло за ЛШ на „Максимир“ во Загреб.
Навивачките групи на двата клупа, „БББ“ и „Шверцери“ на моменти имаа синхронизирана скандирања „Убиј, убиј Србина“, поради што, како што пренесуваат хрватските медиуми, без сомнение ги очекува казна од УЕФА.
Делегатот на натпреварот во официјалниот записник ги внел скандирањата на навивачките групи кои апсолутно се против правилата на УЕФА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

