Македонските прволигаши Шкупи и Работнички ги одработија подготовките во Анталија и се враќаат во Скопје. Тимот од Чаир одигра четири пријателски натпревари за време на 15-дневниот престој во турскиот туристички центар. Ремизираа против Нефчи Кохор (0-0), Челик (2-2) и Рипенсиа (1-1), а загубија од Фероникели (0-1).
Работнички беше на десетдневни подготовки и престојот го заокружи со тренинг натпревар против украинскиот Олимпик Доњецк (1-1). Стрелец на голот беше Давид Тошевски од пенал. Составот на Ратко Достаниќ тестираше и со бугарскиот клуб Пирин Благоевград (1-1) и со рускиот Томск (0-0).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

