Шкупи и Шкендија ги добиваат потенцијалите ривали во плеј-офот во Европа

Во Нион денеска ќе се одржат ждрепките за плеј-офот во Лигата на Европа и Лигата на конференции, односно нашите претставници Шкупи и Шкендија ќе ги добијат потенцијалите ривали во следното коло, доколку ги минат Шамрок, односно АИК.

Во 13 часот ќе се одржи ждрепката за Лигата на Европа, а доколку Шкупи го мине тимот на Шамрок, тогаш ќе може да налета на следните противници:

Гент (БЕЛ), Австрија Виена (АВС), Хартс (ПКО), Омонија(КИП), Сиваспор (ТУР), Дњипро(УКР), Силкеборг (ДАН), поразените од мечевите во квалификациите во ЛШ меѓу Динамо (ХРВ)/Лудогорец (БУГ), Шериф (МОЛ)/Плзен (ЧЕШ), Жалгирис(ЛИТ)/Бодо Глимт (НОР), Ферецварош (УНГ)/Карабах (АЗЕ), МакабиХаифа (ИЗР)/Аполон(КИП), Пјуник (ЕРМ)/Ц.Звезда (СРБ).

Доколку Шкупи биде елиминиран од Шамрок, тогаш продолжува во плеј-офот во Лигата на конференции, а таму за потенцијални ривали ги има:

победниците од дуелите Викунгур – Лех Познањ, Рига – Хибернијанс, Балкани – Клаксвик, Зрински – Тобол и Шахтјор Солигорск – Клуж. 

Доколку се случи Шкендија да го мине шведскито тим АИК, во плеј-офот во Лигата на конфернции би можел да игра со еден од победниците на следните дуели:

Купс – Јанг Бојс, Данди – Аз Алкмар, Молде – Кишварда, Фенербахче – Словачко, а потенцијален ривал е и англискиот премиерлигаш Вест Хем. 

Се вчитува...