Останува неизвесно дали екипите на Шкупи и Скопје ќе може на почетокот од пролетниот дел од прволигашката сезона своите домашни натпревари да ги играат на стадионите во Чаир односно Автокоманда.
Комисијата за инфраструктура на ФФМ до утре треба да даде дефинитивен одговор, по претходната контрола на терените на двата стадиони, дали ќе може да се играат прволигашки дуели.
Претходно, како што е познато, ФФМ побара од Шкупи и Скопје да ги елиминираат недостатоците доколку сакаат елитен фудбал на свој терен. И на крајот од есенскиот дел Шкупи се соочи со принудно „бегство“ од Чаир откако ФФМ не дозволи последните натпревари во првенството и во Купот да ги играат на катастрофалниот терен во Чаир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА