Екипата на Шкупи и покрај тоа што игра со играч помалку од 27. минута има предност од 0-1 на полувремето на гостувањето против Академија Пандев во најинтересниот натпревар од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Чаирчани останаа со играч помалку по грубиот старт на Али Адем во 27. минута за што заработи директен црвен картон.
Но, и покрај тоа, во 31. минута Шкупи дојде до предност од 0-1 со голот на Гаги Маргвелашвили кој прецизно стрелаше од непосредна близина по нафрлањето на Алварез од десната страна од слободен удар.
Но, предност од 0-1 по првите 45 минути има и лидерот Струга ТЛ. Стружани до водство на гостувањето против Работнички во Скопје дојдоа со голот на Малески во 28. минута.
Дека ова е коло на гостите кои ја оправдуваат фаворитската улога потврди и Силекс кој води со 0-2 на гостувањето против прилепска Победа. Кратовци поведоа со голот на Хамза Рамани уште во 6. минута од натпреварот.
А, на 0-2 зголеми Виктор Серафимовски во 44. минута.
Единствено по првите 45 минути нема голови на пресметката во Кавадарци меѓу Тиквеш и Македонија ЃП.
ПМФЛ -24. КОЛО (прво полувреме)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ 0-1
Маргвелашвили 31′
Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС 0-2
Рамани 6′, Серафимовски 44′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0-1
Малески 28′
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
УТРЕ (15 ч.)
Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА – слободна
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА