Шкупи и Вардар денеска на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица од 16:30 часот го отвораат 4. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Шкупи како домаќин ќе игра во Струмица затоа што раководството на клубот не успеа да ги исполни минималните услови за одигрување прволигашки натпревари и имплементација на ВАР-системот.
Натпреварот во Струмица ќе се игра без публика, со одлука на „домаќините“ на мечот.
ФК ШКУПИ- 1927 АД – ФК ВАРДАР АД (4. коло)
Датум/време: 29.08.2025 16:30
Стадион „Благој Истатов“ Струмица
Судија: Стојчевски Игор
1. помошен судија: Изеири Вјолца
2. помошен судија: Јовчевски Дарко
Четврт судија: Ѓоргиев Крумислав
ВАР: Урошевиќ Александар
АВАР: Идризи Фуркан
Оператор за повторување на снимка: Костовски Дејан
Делегат: Бојаџиев Митко
Контролор: Манојлоски Бранко
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

