Шкупи и Вардар во „екс-шампионска“ битка денеска од 13 часот на Чаир, во рамките на 14. коло од ПМФЛ, ќе ги „лечат“ раните кои ги измачуваат изминатиов период во шампионатот.
Вардар има сериозен резултатски пад, по одлично одиграниот прв круг во првенството, па дефинитивно „црвено-црните“ сакаат да се вратат на победи. Но, на Шкупи од друга страна очајно им е неопходна победа токму против Вардар за барем малку да ја вратат атмосферата во тимот поради неочекувано лошата сезона која ја имаат зад себе.
Кај „вардарци“ поради финансиските проблеми со кои се соочува клубот повторно ќе недостасуваат напаѓачите Тигран Барсегјан и Максим Максимов.
Уште една „шампионска битка“ ќе има во Скопје. На „Филип Втори“ Работнички ја пречекува Шкендија. Тетовци се во одлична серија во првенството, која без сомнение ќе сакаат да ја продолжат иако јасно е дека ги очекува тежок натпревар против „романтичарите“.
За домашните, пак, кои играат топло-ладно сезонава, триумф против лидерот Шкендија би бил повеќе од добредојден за нов елан во продолжување на битката за позициите кои носат во Европа.
ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – ПОБЕДА
Кратово: СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ
Струмица: БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

