Шкупи денеска загуби на гостувањето во Штип кај Брегалница со 1-0, и направи чекор назад во битката за титулата. Нивна среќа е што загуби и Струга ТЛ од Вардар, а Шкендија одигра само нерешено, па чаирскиот тим и натаму е во биткат за титулата.
Фудбалскиот клуб Шкупи се огласи со соопштение во кое се извинува на навивачите за поразот од Брегалница.
„Им се извинуваме на сите навивачи и поддржувачи на Шкупи за денешниот пораз. Вината за овој пораз е наша, стручниот штаб, играчите, и на секој од нас. Се извинуваме што не ви дадовме да уживате во победа пред нашиот голем празник Бајрам“, стои во соопштението на чаирскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА