Денеска се играат натпреварите од 17. коло во Првата фудбалска лига. Сите натпревари почнаа во 13:00 часот. Ова е одложеното коло кое требаше да се игра во неделата, но поради безбедносната ситуација, ФФМ одлучи да се играат денеска без публика.
На три стадиони има голови до 25. минута.
Шкупи поведе со голот на Гуеје против Струга ТЛ на Чаир. Гуеје најдобро се најде во мешаницата, и го совлада Ќосевски, а потоа уште еден гол во мрежата на Струга ТЛ од пенал преку Асани.
Води и екипата на Работнички на гостувањето кај Брера со голот на Мазари. Пелистер исто така има предност во дуелот со Беса. Голот на Мирко Ивановски е сомнителен, со оглед дека а прашање дали голгетерот со рака ја смести топката во мрежата. Од видеото не се гледа најдобро, но гостинските фудбалери бараа игра со рака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА