Шкупи има негатива од 2-0 по првото полувреме на гостувањето против Шамрок Роверс во првиот натпревар од 3. квалификациско коло за Лигата на Европа.
На дуелот во Даблин, Шамрок брзо дојде до предност со голот од пенал на Бурк уште во 12. минута од средбата.
А, ударот од белата точка кој го добија домашните беше во суштина непромислен потег на најновото засилување на Шкупи, Алберт Диене кој апсолутно непромислено стартуваше во ситуација кога сигурно на коректен начин не можеше да го запре противничкиот фудбалер.
Веќе во 29. минута 2-0 за домашните. Одлична акција на Шамрок почната од својата половина која со убав погодок ја заокружи Вотс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА