Фудбалскиот клуб Шкупи веројатно без Валид Хамиди ќе настапи на утрешниот меч против Хегелман во рамките од 1. квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Тимот од Чаир денеска испрати соопштение во кое информира дека во последните денови на сите начини се обидела да обезбеди виза за Хамиди, но дека обидите биле неуспешни, а притоа никој не се вклучил во нивната борба.
Соопштението го пренесуваме во целост:
„Доста е! ФК Шкупи е екипа од оваа земја. Како клуб ние во Европа ја претставуваме Република Северна Македонија. Кога сме на само еден ден до првиот натпревар во Конференциската Лига, се уште не сме добиле патна виза за еден од нашите најважни играчи, Валид Хамиди.
За жал, со денови сме оставени сами на себе во напорите да се справиме со овој проблем. Ниту Фудбалската Федерација на нашата земја, ниту некој друг функционер не се приклучи да ни помогне. За да се реши овој проблем, се вклучија Фудбалската Федерација на Литванија и УЕФА, но се уште не добивме позитивен одговор, останувајќи уште еднаш без поддршка од нашата земја.
Треба добро да се знае и да се разбере дека целта на создавањето на Фудбалската Федерација е да им служи на фудбалот и фудбалските клубови. Ги прашуваме надлежните, дали е правилно да се остави клуб сам во толку важен момент?
Како резултат на секое достигнување во Европа, успехот е и на Република Северна Македонија. Не можеме да разбереме зошто на фудбалер не му се дава виза за патување на фудбалски натпревар.“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА