Шкупи ја раскина соработката со двајца фудбалери

Чаирскиот прволигаш Шкупи, по меѓусебен договор, ја раскина соработката со двајца свои досегашни фудбалери, Алекс Златков и Михал Пинтер.

Дефанзивниот играч за врска Златков беше во Шкупи од летото 2022 година, пристигнувајќи од редовите на словенечкиот тим Триглав, а една година подоцна се приклучи и Словакот Пинтер, доаѓајќи од словачкиот тим Вион.

Златков изминатава година играше на позајмица во Македонија ЃП потоа повторно враќајќи се во Шкупи, но конкуренцијата во тимот го натера да одигра само еден натпревар есенва, по што сега следи разделбата. Пинтер низ 18-месечниот период одигра 42 натпревари на кои забележа еден гол и четири асистенции.

„Ова се само првите потези низ зимскиот трансфер период во нашиот клуб, наредниве денови ќе следат и други новини, за кои навреме ќе ја информираме јавноста“ – велат од Шкупи.

Се вчитува...