Погодоци на само еден натпревар во првото полувреме од денешното 29. коло од Првата македонска фудбалска лига. И тоа четири на дуелот во Тетово, каде Шкупи го шокира лидерот Шкендија со водство од 1-3.
На натпреварот во Тетово веќе до шестата минута имаше два постигнати погодоци, но интересно и двата автогола во рок од само една минута.
Веќе во 17. минута Шкупи повторно дојде до предност и тоа благодарение на евроголот на Имери директно од слободен удар од 25 метри. А, Ибиши во 38. минута зголеми и на 1-3.
На останатите три денешни натпревари од 29. коло нема голови по првото полувреме.
ПРВА ЛИГА – 29. КОЛО (прво полувреме)
Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0-0
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 1-3
Гуеје 6′(аг) – Мерџани 5′(аг), Имери 17′, Ибиши 38′
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Скопје: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
АП БРЕРА – слободна (ВОСКА СПОРТ се повлече од Првата лига)
ВЧЕРА
Скопје: ВАРДАР – БЕСА 3-1
Закариќ 45′(п), 57′, Мато 71′ – Стојановски 69′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА