Шкупи сака поддршка за Пјуник, ќе дели бесплатни билети за фановите

Македонскиот прволигаш Шкупи одлучи да ги дели бесплатно билетите за реванш натпреварот против Пјуник што в четврток ќе се одигра на арената „Тодор Проески“. Раководството на чаирскиот клуб посакува тимот да има голема поддршка од трибините во обидот да го елиминира ерменскиот претставник. Првиот меч во Ереван заврши 3-3.

„Сакаме да информираме дека сите гледачи кои ќе сакаат да го следат овој меч ќе добијат бесплатни билети. Во ситуација кога сме блиску до пласман во втората квалификациска рунда, неопходна ни е максимална поддршка, па затоа ги покануваме сите да дојдат и да ни дадат сила против Ерменците“ – објавија од таборот на Шкупи.

Како што информираат од Шкупи, билетите ќе можат да се подигнат на стадионот Чаир, во наредните два дена.

 

Се вчитува...