Шкупи му врачи отказ на Ернест Ѓока

Албанскиот стратег Ернест Ѓока повеќе не е тренер на македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи откако тој доби отказ поради лошите резултати на стартот на сезоната.

Амбициозниот скопски тим во првото коло ремизираше со 3-3 против Воска Спорт на домашен терен, а претрпе и пораз од 2-0 на гостувањето во Гостивар по што следуваат промени на тренерската позиција.

Искусниот стратег кој во кариерата беше тренер на Фљамуртари, Влазнија, Камза и Аполонија, а во Македонија освои една шампионска титула со Шкендија во сезоната 2020/21 го превзема Шкупи во месец април, но по само четири месеци ќе бара нов ангажман.

Се вчитува...