Шкупи го „украде“ главниот стопер на Струга ТЛ, и голман пристигна на „Чаир“

Досегашниот член на Струга ТЛ Дарко Илиески, е нов член на шампионот Шкупи. Тој практично се враќа на „Чаир“ каде што беше во минатото. Илиески беше еден од клучните играчи на лидерот на табелата, и еден од заслужните за првото место на Струта на полусезоната.

Илиески потпиша договор со Шкупи до крајот на сезоната. На негово место во Струга ТЛ пристигна Бесарт Кривањева.

Инаку тимот од Чаир денеска се „пофали“ со уште една принова. Станува збор за голманот Стефан Митрев. Младиот голман доаѓа од Беласица, а беше дел и од јуниорите на Академија Пандев. И Митрев исто така потпиша шестмесечен договор со чаирската екипа.

Се вчитува...