Шкупи со убедливи 0-5 се враќа од гостувањето во Литванија, кај Хегелман веќе сосема јасно дека мислите се насочуваат кон второто коло во Конференциската лига и пресметката со Левски Софија.
Триумфот во Литванија чаирчани го посветија на својот фудбалер, Валид Хамиди кој само затоа што е Алжирец имаше проблеми со добивање виза за влез во Литванија. Шкупи, на крај, настапи без Хамиди но успеа да дојде до убедлива победа…
„Не сакаме политика во фудбалот, фудбалот е убав во сите бои, само со својот јазик и својата религија. Оваа победа ја посветуваме на нашиот фудбалер Валид Хамиди, играчот на кого не му беше одобрена виза за Литванија“ – истакнаа од Шкупи по синоќешниот триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА