Шкупи од денеска во Анталија: Пет теста во Турција

Македонскиот прволигаш Шкупи од денеска се сели во Анталија каде ќе се реализира финалната фаза од подготовките за пролетниот дел од шампионатот.

Комплетната експедиција на чаирчани утрово замина за Анталија каде ќе се остане до 5. февруари. За време на подготовките во Турција, стратегот Ардијан Нухиу планира и одигрување пет пријателски натпревари преку кои ќе се „бруси“ формата за продолжението од првенството.

ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ШКУПИ ВО АНТАЛИЈА:

25.01 – Карабах (Азербејџан)

27.01 – Стал (Украина)

30.01 – Чаквари (Унгарија)

02.02 – Черноморец (Бугарија)

04.02 – Анжи (Русија)

Се вчитува...