Шкупи остана без капитенот: Артан Иљази замина во Балкани

Откако ангажираше турски голман во името на Јавуз Ајгун, Шкупи го пушти својот доскорашен капитен Артан Иљази да направи трансфер во косовски Балкани.

Иљази кој бранеше во поголемиот дел од натпреварите во есенскиот дел, си заминува од клубот кој е негов матичен, и првпат ќе брани надвор од Македонија. Во минатото Иљази беше дел и од Шкендија и од Гостивар.

Тој во 12 натпревари од Првата лига во есенскиот дел, прими 15 голови. Ја носеше и капитенската лента на екипата од Чаир.

Се вчитува...