Шкупи останува и без Сенгор Фаустин кој прави трансфер во Турција

Стоперот Сенгор Фаустин си заминува од Шкупи. После тренерот Гоце Седлоски, тој ќе биде првиот играч кој го напушта чаирскиот тим, и денеска треба да го комплетира трансферот во турски Гиресунспор.

Сенгор во јануари 2021 година дојде во Шкупи, најпрво играше последен играч за врска, а после повредата на Рватубјаје, ја зазеде стоперската позиција. Беше еден од заслужните за титулата на чаирскиот тим, а настапуваше и во Европа, каде што Шкупи беше елиминиран од косовски Балкани во обидот да дојде до групите во Лигата на Конференции.

Сенгор веројатно нема да биде последниот играч кој ќе си замине од таборот на Шкупи. Се шпекулира дека истото ќе го стори и Сандеј Адетунџи, односно дека вчера тој го одиграл последниот меч за чаирчани. И за него се споменува трансфер во Турција.

Се вчитува...