Шкупи не запира со победничкиот пат на патот кон шампионската титула во најсилната македонска лига.
Чаирчани во првиот натпревар од 23. коло денеска славеа пред своите навивачи против Работнички со 2-0.
Во интересен цврст натпревар во кој и „романтичарите“ одиграа квалитет дуел, се чини дека Шкупи победува сезонава веќе на рутина. Со головите на Адетунџи и Радески во второто полувреме составот на Гоце Седлоски заокружи нови три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА