Шкупи подобар од Велазерими во пријателски меч

Македонскиот прволигаш Шкупи денеска одигра пријателски натпревар против Велазерими и победи со 2-0, пополнувајќи ја празнината во првенството поради настапите на репрезентациите. Тимот од Чаир славеше со головите на Стојкоски и на Имери.

Во второто полувреме на овој меч шанса доби и новото засилување Иван Фатиќ. Шкупи оваа сезона најверојатно ќе се бори за опстанок во елитното фудбалско друштво на Македонија, идентично како и во ланскиот шампионат.

 

Се вчитува...